Со задоволство објавуваме дека заврши 10та, но и последна креативна работилница, од летниот циклус на работилници, одржана од страна на тимот на ИНФО СЕГА Прилеп,. Но, тоа не значи дека тука го гледаме крајот на работилнците, напротив ова го означува само почетокот и го обележа постигнатиот успех во изминатите десет недели.

 

Работилниците ќе продолжат да се одржуваат и во текот на учебната година и тоа секоја среда почнувајќи од  07.09.2016 година. За учениците кои ќе бидат втора смена работилниците ќе започнуваат од 11.00 до 12.30 часот. За учениците кои ќе бидат прва смена работилниците ќе започнуваат од 12.30 до 14.00 часот.

 Десеттата работилница се одржа на 22.08.2016 и на истата учествуваа 22 деца, а темата беше: “Гледање анимиран филм – Finding Dory”.
Анимираниот филм беше прикажан на англиски јазик со цел децата да го практикуваат јазикот преку слушање и разбирање. It`s movie popcorn time!
Откако филмот заврши, децата беа прашани што разбраа од анимираниот филм, кои беа главните ликови и која беше пораката на филмот.
На самиот крај беа доделени пофалници за
оние кои беа најредовни и учествуваа на сите креативни работилници.

Задоволство и чест ни беше да работиме со нашите учесници и на овој начин сакавме да ги мотивираме и поттикнеме да учествуваат и на следните работилници. Тоа им беше еден вид изненадување и изразот на нивните лица беше незаборавен.

Во оваа прилика им се заблагодаруваме на сите учесници, на нашите креативни борци кои вредно работеа и не мотивираа да продолжиме со работилниците.  Се надеваме дека децата научија многу корисни работи и се разбира ги очекуваме во што поголем број на наредните работилници.

Одгледувањето на грижливо дете со почит и слобода во користењето на својата креативност отсекогаш било макотрпна работа. Но, тоа е нешто што сите ние можеме да го направиме. А ниедна работа не е поважна и не наградува толку многу како оваа.

Се гледаме во септември со нови идеи и нова енергија J
When life get`s you down do you wanna know what you`ve gotta do ?
Just keep swimming ! -Finding Dory .    
Работилницата ја одржаа тимот на ИНФО СЕГА Прилеп.

 

 

Leave a comment