Смеење, шегување и кикотење, некои од нашите најрадосни моменти може да бидат објаснети со тоа како смеењето се одразува на нашето здравје. Некои луѓе имаат гласна и заразна смеа, некои испуштаат други звуци, други се тивки и ја покриваат устата. Во телото, смеата не е ништо повеќе освен повторена контракција на дијафрагмата, сместена под белите дробови. Може да се смеете на шега или смешен спомен или ако гледате како некој паѓа на смешно видео. Ова се надворешни стимуланси што предизвикуваат да реагирате со хумор.

 

ДОКТОРИТЕ ОБЈАСНУВААТ КАКО СМЕЕЊЕТО МОЖЕ ДА ГО СМЕНИ ЗДРАВЈЕТО

Понекогаш смеењето е нешто што го правиме случајно. Имаме способност да се смееме намерно и неволно. Неволното смеење е емоционално водено и може да се случи дури и кога чувствуваме страв или лутина. Ова смеење се нарекува и нервозно смеење.

Актот на смеење може брзо да го смени расположението, што е еден од начините за кои докторите објаснуваат како смеењето може да го смени здравјето. Негативните расположенија може да бидат променети во позитивни, кои се подобри за здравјето.

НАМАЛУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО НА БОЛКАТА

Центрите за лечење од рак во Америка користат терапија со смеење за пациентите чии третмани на лекување се во процес. Тие ја објаснуваат терапијата и ефектот на овој начин:

‘Со години, употребата на хумор беше намалена во медицината. Хирурзите користат хумор за да им го тргнат вниманието на пациентите од болката уште во 13 век. Подоцна, во 20 век, се појавува студија за ефектот на хуморот на физичкото здравје.Многумина ова го поврзуваат со Норман Кузинс. После години на пролонгирана болка од сериозна болест, Кузинс изјавува дека се излекувал себе си со режимна смеење и витамини што сам го измислил. Во неговата книга од 1979 „Анатомија на болеста“, Кузинс опишува како гледањето на комични филмови му помогнало во оздравувањето.’

Смеењето е добра диверзија бидејќи пациентите се неспособни да се фокусираат на болката додека ја искусуваат терапијата со смеење. Позитивното чувство што  го имаат пациентите со рак поради смеењето може да трае со часови.

ЗДРАВЈЕ НА СРЦЕТО И КРВНИТЕ САДОВИ

Истражувачите  што го испитуваат ефектот на смеењето врз здравјето велат дека тоа има ефекти кои се од корист за крвниот притисок и васкуларниот систем. Исто така тие велат дека хипофизата ослободува ендорфин кога се смееме.

Ендорфинот ги активира рецепторите  за опијати, кои назад произведуваат азотен оксид. Азотниот оксид помага да се заштитат срцевите клетки и исто така е одговорен за отворање на крвните садови.

Како нуспроизвод на смеењето, азотниот оксид може да го смени Вашето здравје со тоа што ќе ја намали акумулацијата на наслаги во ѕидовите на артериите што може да доведе до срцев и мозочен удар. Истражувачите исто така имаат пронајдено дека смеењето ги намалува васкуларните воспаленија. Научниците велат ‘Веселата мсеа може да служи како корисно и важно средство за подобрување на васкуларното здравје’.

ГО ПОДОБРУВА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ

Депресијата, анксиозноста и фрустрацијата се негативни емоции на кои може да им се помогне со смеење. Ако забележите дека искусувате негативна емоција, обидете се да се насмеете независно од ситуацијата или да се насмеете на сопствената реакција. Што помалку се придржувате до негативните емоции, помалку ментален и емотивен стрес ќе имате, што е друг начин за кој докторите објаснуваат како смеењето го менува здравјето.

ЗНАК Е ЗА СОЦИЈАЛНА БЛАГОСОСТОЈБА

Луѓето ретко се смеат кога се сами, па значи за да добро да се насмеете треба да најдете пријатели со добра смисла за хумор. Смеењето може да ги подобри романтичните врски исто така затоа што индицира добри чувства што ги поврзуваме со личноста со која се смееме.

Социјалната природа на смеата значи дека позитивно се поврзуваме со другите кога се смееме. Значајните врски со другите луѓе се важни за целосното здравје и општата благосостојба.

ГО ПОДОБРУВА ИМУНИТЕТОТ

Како што веќе споменавме, смеењето помага при воспаленија на крвните садови. Воспаленијата стануваат многу проучувани. Можно е, ако се докаже дека смеењето ги намалува воспаленијата на крвните садови, тоа да помага и кај други воспалителни болести.

Смеењето може да го смени здравјето на други начини што би го подобриле имуниот систем. Истражувањата покажале дека гледањето на комични филмови може да го зголеми нивото на гама интерферони кај мажите.

Интерфероните ссе протеини за сигнализација во телото што се создаваат за да се борат против болести. Вирусите особено се подложни да бидат уништени од моќта на интерфероните да го зголемат имуниот систем. Тие помагаат телото да активира домаќин на борците на имуниот систем ако макрофагите и клетки кои се природни убијци и тие помагаат во производството на антигени. 

 

Истражувачите велат „Интерфероните станаа линија на фармакотерапија во вирусни инфекции, системски карциноми, хепатит Б и Ц, во прилог на развојот на антивирусни лекови.“ Додека доктор може да препише лек кој ќе се спротивстави на болеста, и треба да  отидете кај него ако имате проблеми со здравјето, смеењето со пријателите е алтернативно решение за да си го смените здравјето на подобро.

Leave a comment