На креативната работилница за културна размена учествуваа 20 деца од сите основни училишта во Прилеп. 
Децата најпрво играа забавни игри, а потоа добијаа пасоши и патуваа во Италија, Франција, Америка и Романија, запознавајќи се со нивната култура, јазик, традиционални јадења и знаменитости.


Исто така децата имаа можност да пеат романска песна, да танцуваат на американска музика, да пробаат француска палачинка и да се запознаваат на италијански јазик.
На децата им беа поделени и фотографиите кои беа направени на минатата работилница, со описот кои го дадоа нивните другарчиња за нив.

Работилницата ја одржаа и Алби и Јоан од Франција, Анда од Романија, Салваторе од Италија и Миранда од Америка со помош на локални волонтери од ИНФО СЕГА.


Leave a comment