Знаете ли дека 25 % од децата и тинејџерите воопштно не пијат вода како дел од нивното дневно внесување на течности?Изненадувачки е бројот на возрасните кои не пијат доволно вода, а исто така, со една студија откриено е дека половина од Американците не внесуваат ниту половина од дневните препорачани количини на вода. Недоволното пиење на вода може да предизвика сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи дигестивни проблеми, инфекции на уринарниот тракт, анксиозност и хроничен замор.

Не е за изненадување фактот дека 75 % од Американците се соочуваат со хронична дехидратација, според направени истражувања.

Водата сочинува околу 60 % од нашето тело, 75 % од мускулите и 85 % од мозокот. Затоа мора дехидратацијата многу сериозно да се сфати. Таа може да ја инхибира функцијата на многу делови од телото, оставајќи ве летаргични, болни и дури и депресивни. Сепак, ако знаете што да барате, може да ја стопирате дехидратацијата пред таа да Ве доведе до посериозни компликации.

ЕВЕ 10 ЗНАЦИ ДЕКА СТЕ ДЕХИДРИРАНИ:

ВАШАТА УСТА, КОЖА И ОЧИ ГИ ЧУВСТВУВАТЕ СУВИ

Еден од најголемите знаци дека сте дехидрирани се појавува на кожата, верувал или не. Ако не пиете доволно вода, нема да ги исфрлите преку потта внатрешните и надворешните отрови од телото, што значи дека ќе бидете склони на затнати пори, кои тоа ќе мора некако да се отворат.

Исто така ако имате проблем за да ви течат солзи, недостатокот на вода можеби е клучен. Очигледно, ако имате суви усни сигнализира на мозокот дека потребна Ви е уште вода. Водата прави толку многу за нашите тела, и генерално, тоа чувство на сувост што го имате во устата може да го почувствувате и кај други делови од телото.

ЈА КОРИСТИТЕ БАЊАТА РЕТКО, И КОГА ЈА КОРИСТИТЕ, УРИНАТА ВИ Е ТЕМНО ЖОЛТА ИЛИ КАФЕАВА

Ова е големо црвено знаме дека сте дехидрирани. Многу луѓе не елиминираат отпад доволно во еден ден, што значи дека токсините се акумулираат во телата. Водата помага да се ослободите од овие токсини, да не се спомнее дека придонесува реналниот систем да функционира одлично. Ако одите во бањата само неколку пати во денот, треба да размислете да пиете повеќе вода.

Исто така, бојата на урината ќе ја прикаже вистинската слика за тоа колку вода консумирате. Ако не е чиста на крајот на денот, осигурајте се да испиете чаша или две пред да одите во кревет. Жолта или кафеава урина е голем знак дека сте дехидрирани, и значи дека Вашето тело задржува течности за да ги одржи виталните телесни функции.

ЧЕСТО ВЕ БОЛАТ ГРБОТ И ЗГЛОБОВИТЕ

 Поради тоа што телесната ‘рскавица е сочинета од скоро 80 % вода обновувањето на водата после потење е од суштинско значење за да ги одржите коските и зглобовите здрави. Водата ги одржува зглобовите лигави со цел да се заштити телото за време на напорни активности или неочекувани движења, како на пример во паѓање или брзање. Освен тоа, болките во грбот може да индицираат бубрежна инфекција заради дехидратација, па, ако имате чести болки во грбот, консумирајте повеќе вода во текот на денот.

СЕ ЧУВСТВУВАТЕ ИСЦРПЕНИ И ИМАТЕ НАГЛИ ПРОМЕНИ НА РАСПОЛОЖЕНИЕТО

Водата го носи кислородот во телото. Колку повеќе кислород има во клетките, поживи ќе се чувствувате. Сепак, ако не пиете доволно вода, телото мора да земе кислород од крвта за да компензира, што ќе го исцица телото од кислород. Ова ќе придонесе за целиот систем да се забави, и ќе го отежне правилното функционирање на телото. Неизбежно ќе биде и да тоа да Ве направи поуморни, нерасположени и исцрпено-летаргчни.

ЛАКОМИ СТЕ ЗА ХРАНА, ИАКО СТЕ ЈАДЕЛЕ НЕОДАМНА

Ова може да изгледа збунувачки, бидејќи нападите на глад обично индицираат дека треба да јадете. Сепак, исто така може да значи и дека сте дехидрирани. Дехидратацијата го мами телото да мисли дека треба да се внесе храна, кога реално, потребна Ви е само вода. Гладот и жедта доаѓаат од ист дел на мозокот, што може да ја објасни конфузијата. Обидете се да испиете чаша вода следниот пат кога ќе почувствувате глад, и ако нападите на глад исчезнат значи дека сте биле само дехидрирани. Ако постојат и понатаму, веројатно значи дека треба и да јадете нешто исто така.

ИМАТЕ ВИСОК КРВЕН ПРИТИСОК

Дехидратацијата предизвикува крвта да стане подебела (погуста), што резултира со забавена циркулација и повисоко ниво на натриум во крвта.Сите овие фактори комбинирани ја сочинуваат идеалната средина и услови за висок крвен притисок, што може да резултира во некои од другите здравствени проблеми во листава.

ИМАТЕ ВИСОК ХОЛЕСТЕРОЛ

Да се виде дехидриран значи дека дека телото ќе ја задржува секоја вода што ќе ја најде за да не се случи повеќе губиток на вода. Направена е една студија со 15 луѓе кои постеле во две различни околности: еднаш без замена на течности, и следен пат со сол и вода како додатоци. Истражувачите откриле дека кога учесниците постеле без течности, вкупното серумско ниво на холестерол било многу повисоко отколку кога консумирале и сол и течности како додаток. Додека повеќето луѓе пијат вода за време на пост, пиењето на зашеќерени пијалоци без нутритивни состојки наместо вода во текот на денот може да предизвика дехидратација, и со тоа и зголемено ниво на холестерол.

ИМАТЕ ПРОБЛЕМИ СО ВАРЕЊЕТО НА ХРАНАТА

Водата прави работите да се движат низ целиот организам, вклучувајќи го и дигестивниот систем. Таа е одличен начин да го исчистите и детоксифицирате телото, но без доволно вода, отпадот се движи низ дебелото црево многу побавно, што може да доведе до констипација или други дигестивни неправилности. Водата помага нештата да се движат во дигестивниот систем, но кога телото е деидрирано, дебелото црево ја зема водата од храната која ја јадеме. Ова ја зголемува веројатноста за појава на констипација, одлив на киселина, чир или други дигестивни проблеми.

ИМАТЕ ЧЕСТИ ОСИПИ НА КОЖАТА

Ефектите од дехидратација нормално се појавуваат на надворешната страна на телото, затоа што таа ги детоксифицира и хидрира сите делови од телото, вклучувајќи ја и кожата. Без доволно вода, токсините се таложат на кожата, резултирајќи со многу различни проблеми на истата. Акни, псоријаза, егзема, промена на бојата; сите тие може да се случат како резултат на дехидратација.

ИМАТЕ ГЛАВОБОЛКИ И НЕ МОЖЕТЕ ДА МИСЛИТЕ ЈАСНО 

Дехидратацијата всушност предизвикува мозочното ткиво да изгуби вода, што резултира со намалување и одделување од черепот.Од друга страна, ова алармира на рецепторите за болка што го опкружуваат мозокот, што Ви ја предизвикува непријатна пладневна главоболка. Дехидрираноста го намалува волуменот на крвта, што значи помалку крв и кислород ќе оди до моокот. Крвните садови во мозокот се шират за крвта да може да струи низ нив, што резултира со воспаленија и главоболка во вид тапи удари која за жал, им е позната на многу луѓе.

Leave a comment