Дали барате возбудлива и предизвикувачка можност?

 

Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?

Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи едновремено баланс помеѓу работата и приватниот живот, и сето тоа во најубавиот град во земјата – Охрид?

Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!

Ако:

-        сте штотуку дипломирани инженери;

-        имате напредно познавање на англискиот јазик (чита, пишува, говори);

-        имате напредно познавање на MS Office;

-        имате одлични вербални комуникации и интерперсонални вештини;

-        сте проактивни, посветени, подготвени за предизвик и отворени кон стекнување на нови знаења, вештини и искуство;

-        сте подготвени да патувате во земјата и странство;

Ние, КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, им овозможуваме на младите инженери да се развиваат низ континуиран процес на размена на мислења и идеи, градејќи култура на постојано подобрување, учење и вреднување на учинокот,

Обезбедувајќи:

-        Договор за вработување од 6 месеци со можност за негово продолжување на неопределено време;

-        Работа со ментор, од редот на поискусните колеги;

-        Покриени трошоци за сместување, за учесниците во програмата кои не со регистрирано живеалиште во Охрид, Стуга или Дебарца, во првите 6 месеци од работниот однос;

-        Организиран превоз од Охрид / Струга/ Ресен до КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, и обратно;

-        Топол оброк во фабричката кантина;

-        Компетитивни месечни примања;

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА е работодавач кој нуди еднакви можности, придржувајќи се до највисоките меѓународни корпоративни и управувачки практики.

Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик со наведување „Инженер на тренинг” во насловот на електронската пошта, на следнава адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Огласот е активен до 31.12.2019 година.

Leave a comment