ЗДРАВСТВЕН ДОМ ЉУБЉАНА има потреба од лекари специјалисти по семејна медицина / општа медицина во своите единици во Љубљана. Ве покануваме да се вклучите во позитивно ориентиран и развиен тим со добри работни услови.

 

БАРАМЕ:

- Професионално квалификувани лица со важечка лиценца од областа на семејна медицина / општа медицина и познавање на словенечкиот јазик (ниво C1).

НУДИМЕ:

- Работа во здравствен центар каде што квалитетот и безбедноста на пациентите и вработените се во првите редови;

- Работа во организација која се поврзува со меѓународни институции во областа на здравството;

- Работа во семејно-пријателска организација;

- Компетентен тим експерти;

- Тимска работна средина.

ОД НАС МОЖЕТЕ ДА ОЧЕКУВАТЕ ДУРИ И:

- Можност за научно-истражувачка работа;

- Академски раст;

- Континуиран професионален развој;

- Развој на кариера и прогрес.

ВАШИТЕ ПРЕДНОСТИ:

- Комуникативност и позитивност;

- Посветеност и адаптација кон тимска работа;

- Желба за континуирано образование;

- Добро познавање од областа на експертиза.

Испратете ги вашите понуди во Здравствен дом Љубљана, Служба за персонал, Метелкова улица 9, 1000 Љубљана, Словенија или на е-пошта This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. и назначете го вашиот телефонски број или иеил адреса.

За дополнителни информации можете да се јавите во Службата за персонал на Здравствениот дом Љубљана на телефонските броеви +386 1 3003 903, +386 1 6203 896.

Краен рок за аплицирање: 22 јули 2019 година.

Leave a comment