Успешната приказна на Тритекс започнува од крајот на 1994 година, кога е основана фирмата.

Од првиот ден од своето постоење фирмата се занимава со производство на долна облека и тоа машка, женска, детска и бебешка кои се изработуваат од висококвалитетни материјали со цел да се задржи услугата  и задоволството на купувачите на високо ниво. Брендот Тритекс е синоним за таргет група на потрошувачи кои преферираат квалитет.

Тритекс Трејд Прилеп има потреба од раководител на технички сектор.

Потребни квалификации:

  • Високо образование - Машински или Елекро факултет;
  • Познавање на англиски јазик (пишување и комуникација);
  • Познавање на Excel;
  • Стручно доусовршување, посета на саеми, конференции и семинари;
  • Возачка дозвола Б категорија;
  • Кандидатите со слично работно искуство ќе имаат предност.

Работни задачи:

  • Организација и координација на технички сектор  во однос на тековните проекти;
  • Одговорност за одржување на машинскиот парк во погонот;
  • Водење евиденција за извршените интервенции;
  • Изработка на техничка документација, упатства за работа;
  • Набавка на  резервни делови;
  • Дневно надгледување на машинскиот парк и на системот за вентилација, греење и ладење.

Личен профил:

  • Лидерски способности;
  • Ефикасна комуникација;
  • Одлични организациски способности;
  • Наклонетост кон тимска работа, самостојност и иницијатива;
  • Принципиелност, доверливост;
  • Желба и спремност за патување;
  • Спремност за долгорочна соработка.

Ние нудиме работа во пријатна атмосфера, со можност за персонален и професионален развој. Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства.

Аплицирајте на следниот линк.
Краен рок за аплицирање: 27 април 2019 година.

Leave a comment