КАМ Маркет бара Регионален Менаџер (реон Штип, Кочани, Крива Паланка)

 

 

Потребни квалификации:

 

·         ВСС (високо образование) – пожелно економски факултет;

 

·         Работно искуство минимум 2 години, пожелно во областа (продажба, маркетинг, производство).

 

·         Претходно искуство на раководна позиција (раководител на тим), од минимум 1 година. Раководни и лидерски способности;

 

·         Аналитичен, ориентиран кон успех, оптимизација на тек на процеси, Високо развиено чувство за координирање на трошоци и економичност. 

 

·         Одлично познавање на софтверски решенија- MS Office. 

 

·         Одлично познавање на Англиски јазик. Втор светски јазик ќе се смета за предност;

 

·         Јаки организациски, комуникациски вештини, можност за работа со рокови и под притисок.

 

·         Способност за разрешување на проблеми. 

 

·         Одлични интерперсонални и комуникациски способности, пишани и усни за ефикасна интеракција со персоналот и другите одделенија.

 

 

Работни задачи: 

 

·         Раководење, организирање, контролирање и едуцирање на персоналот во своите маркети. 

 

·         Со комуникација и контрола на сите аспекти на работењето на персоналот претставува алка помеѓу централата и маркетите, пренесување на информациите и упатствата од централата и обезбедување нивна примена. И обратно, информирање за проблемите на маркетите и отстранување согласно овластувањата.

 

·         Својата функција на организација и контрола ја остварува преку точно дефинирани контроли и мерки директно во маркетите. За секоја неделна посета на маркет изготвува детален извештај. До 5ти секој месец изготвува месечен извештај за секој маркет. 

 

·         Обезбедување примена на сите (квалитативни и сигурносни) стандарди во работењето, согласно важечките закони и правилата и нормите на компанијата.

 

·         Менаџирање и оптимирање на процесите за проток и продажба на стока во маркетите. 

 

·         Спроведување на мерките за максимална економичност во работењето и текот на сите процеси во маркетите. 

 

·         Предлагање на мерки за отклонување на проблеми, унапредување на работењето и успешноста.

 

 

Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете ја вашата персонална биографија (CV) на  адреса: КАМ ДОО Персонален оддел ул. Индустриска бб (товарна) 1000 Скопје или преку новата интернет страница: www.kam.com.mk

 

Рок на пријавување: 19.04.2019

 

 

 

Leave a comment