Организацијата Македонија2025 е посветена на создавање на просперитетна економска клима во Република Македонија која ќе ги подобри можностите за граѓаните, домашните компании и странските инвеститори.

Ние промовираме одржлив економски раст преку поттикнување на конкурентноста, претприемништвото, иновациите и лидерството.

Заради остварување на нашата мисија потребни ни се економисти кои се високо мотивирани, амбициозни и талентирани лица, со силни аналитички способности.

Во моментот, во Македонија2025 слободни се следните работни позиции: Економски аналитичар/ истражувач

Опис на работни задачи: Да учествува во економските истражувања на Македонија2025, да подготвува економски анализи и извештаи, да учествува во подготовка на проектни апликации и да дава административна поддршка на директорот во областа на истражувањето.

Освен општите услови предвидени со Закон, кандидатoт треба да ги исполнува и следните квалификации:

- Магистратура во областите на економски развој, макроекономија, финансиски систем и сродни области, со просек од најмалку 8.50 (или еквивалент);

- Познавање алатки за применета статистичка анализа и напредна компјутерска писменост;

- Работно искуство во економско истражување (институционално или на проекти) од минимум 4 години;

- Одлично познавање на англиски јазик;

- Способност за самостојна работа, со минимално надгледување.

Предност ќе имаат кандидати со:

- Работно искуство / пракса во странска истражувачка институција;

- Завршен најмалку еден циклус студии на странски универзитет.

За работното место се потребни следните лични карактеристики:

- Аналитичност, прецизност и деталност во работењето;

- Способност за јасно и концизно изразување при пишување;

- Способност за синтеза, но и способност за контекстуализација (гледање на големата слика);

- Способност за справување со повеќе разновидни задачи истовремено;

- Креативност и самоиницијатива, желба за постојано учење и надградување на знаењето;

- Eкстровертност, со способност за појавување и говорење во медиумите;

- Навременост и строго почитување рокови;

- Подготвеност за индивидуална и тимска работа.

Начин на аплицирање:

Документите кои ги докажуваат горните барања да се достават по електронски пат на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.. Документите треба да содржат најмалку:

- Професионална биографија;

- Мотивациско писмо (најмногу една страна);

- Референци од претходни работодавачи/проектни координатори;

- Пример за една економска анализа или публикација која е авторско или ко-авторско дело на кандидатот.

Првичната селекција ќе се спроведе врз основа на доставените апликации. Само избраните кандидати во втор круг ќе бидат повикани на интервју.

Почеток и завршеток на работно време: Од 08:00/09:00 до 16:00/17:00 часот, од понеделник до петок.

Основна нето плата: 30.000 МКД

Краен рок за пријавување: 18 април 2019 година.

За повеќе информации на следниот линк.

Leave a comment