Отворени се 3 (три) работни позиции за Програмери во Микросам.

 

Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 29-години Микросам има инсталирано над 240 производни линии во повеќе од 40 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити. Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com

Основни одговорности и задачи:

-        Истражување и развој на компјутерски софтверски системи

-        Имплементирање и тестирање на системите за управување со базите на податоци

-        Развој и спроведување на безбедносни планови

-        Одржување и администрирање на компјутерски мрежи и поврзани компјутерски единици

Квалификации и компетенции:

-        Завршен Факултет за информатика – програмирање или при крај со студии

-        Задолжително познавање на англиски јазик (германски и руски јазик се предност)

Што нудиме?

-        Одлични услови за работа во креативна средина

-        Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија

-        Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект

-        Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет

-        Организиран превоз и храна

Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на следната email адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЗНАЧУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО за кое аплицирате.

 

Рокот за пријавување е до 01.05.2019г.

 

Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.

Leave a comment