Ако сте човек со визија за свој бизнис, мотив за „сам свој газда“, енергија да се борите со предизвиците, тогаш овој oглас е токму за вас.

Прочитајте и дознајте повеќе за можноста да добиете неповратна финансиска помош од 5.000 до 10.000 евра од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Македонија и да основате свој бизнис.За сите дополнителни прашања Ве очекуваме да дојдете во Центарот за вработување и да видите за што станува збор!

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година, усвоен од Владата на Република Македонија за Програмата 1.1 Поддршка за Самовработување (Претприемништво), финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, во соработка со УНДП, се објавува ЈАВЕН ПОВИК до невработените лица:

  1. Се охрабруваат невработени лица со претприемачки дух, со визија да основаат свој бизнис да аплицираат во Програмата Поддршка за Самовработување (Претприемништво)
  2. Се повикуваат сите заинтересирани невработени лица, невработени млади лица до 29 години, невработени инвалидни лица кои своето вработување сакаат да го решат со финансиска поддршка преку Програмата Поддршка  за  Самовработување (Претприемништво)

да  се  пријават  во работните клубови на центрите за вработување на АВРМ со цел аплицирање за учество во програмата

  1. Финансиската  поддршка  преку Програмата Поддршка  за  Самовработување (претприемништво) опфаќа обезбедување на:

−Експертска поддршка во форма на обука за претприемништвото и водење бизнис, ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите во висина од 17.940 денари;

−Неповратни средства (грант) во износ од 246.000до 307.500 денари по корисник или до 615.000 денари доколку се основа правен субјект од два содружника како ДОО

-Друштво со ограничена одговорност од две лица, при што секој од содружниците ќе има еднаков (50%) удел во друштвото.

−Можност за дополнително вработување на едно лице за новоотворените фирми кои ќе добијат дополнителен грант во форма на опрема и/или материјали во износ од 92.000 денари за лице над 29 години и износ од 153.750 денари за лице до 29 години;

−Правните субјекти основани од страна на инвалидни лица имаат можност за дополнителен грант за вработување до 2 (две) лица во износ од 92.000 денари за вработување на лице на возраст над 29 години или 153.750 денари за вработување на лице до 29 години, согласно условите наведени во договорот;

−Правните субјекти основани од два содружника нема да бидат поддржани со грант за 1 (едно) дополнително вработување;

−Советодавна/Менторска поддршка во период од 12 месеци од основањето на бизнисот  (вкупно 120 часа менторство) само за следните целни групи: млади лица до 29 години; инвалидни лица; припадници на ромската заедница, правни субјекти основани од двајца содружници (ДОО) и жени од ранливи категории.

  1. Заинтересираните лица за учество во Програмата можат да аплицираат до 30.11.2018година, односно се до исполнување на предвидениот број на кандидати.
  2. Во оваа програма, ќе можат да се вклучат и невработените лица кои имаат завршено обука за претприемништво и/или изработено бизнис план во 2017 година.
  3. Лицата кои добиле грант за Самовработување во изминатите 5 години, немаат право да аплицираат за учество во Програмата.
  4. Преку програмата нема да се поддржи основање на бизниси во следните дејности:

−Земјоделска дејност, односно дејност од Сектор А/А, Оддел 01

–Растително и животинско производство, лов и услужни дејности поврзани со нив, со исклучок на органско земјоделско производство;

−Бизниси во дејност од класа 49.32

-Такси служба;

−Производство и дистрибуција на оружје, односно дејност од класа 25.40

–Производство на оружје и муниција;

−Финансиски и осигурителни бизниси и активности кои вклучуваат игри на среќа, односно дејност од Сектор K/И

–Финансиски дејности и дејности на осигурување.

По исклучок, невработените инвалидни лица и невработените лица Роми, ќе можат да регистрираат правен субјект во земјоделска дејност и такси служба.

  1. Правата и обврските помеѓу АВРМ, УНДП и учесниците во програмата ќе бидат уредени со склучување на меѓусебендоговор.

Пријавата за учество треба да се поднесе во работниот клуб во центрите за вработување, секој работен ден од 09:00 – 14:00 часот.

Сите заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб страните www.avrm.gov.mk иwww.rabotaimoznosti.mk.

Leave a comment