Во насока на професионално усовршување на младите, АрцелорМиттал Скопје нуди пракса со полно работно време во Одделот за Програмирање и Одделот за Валање.

 

Придобивки:

-        3 месечна практикантска работа со ментор

-        континуиран процес на учење и развој на вештини

-        покриени трошоци за превоз и храна

-        професионална работна атмосфера

-        стекнување искуство во меѓународна компанија

Сите студенти (апсолвенти, дипломирани и постдипломци) на Машински, ФЕИТ и ФИНКИ кои се комуникативни, тимски ориентирани, сакаат предизвици и се насочени кон успех, може да го испратат своето CV на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., со назнака „Апликација за пракса –Оддел за програмирање“, најдоцна до 24 април.

АрцелорМиттал е водечки светски производител на челик со претставништва во повеќе од 60 земји. Присутни сме на пазарот во Македонија од 2004 година и постојано се стремиме да го поттикнеме развојот и напредокот на младите кадри преку практикантска програма во различни области.

Leave a comment