Најголемиот македонски хостинг провајдер и регистрар на домени МКхост објавува отворен конкурс за пракса, за позицијата веб-девелопер.

 

Кои се главните задачи за оваа работна позиција?

·         Развој на веб сајтови

·         Веб дизајн

·         Одржување на веб сајтови на клиентите на МКхост

Кои моментални познавања би те издвоиле?

·         Front-End технологии: HTML / CSS / JavaScript / jQuery / Bootstrap 3, 4

·         SQL бази на податоци (MySQL)

·         WordPresss

·         PHP

Што значи да се биде дел од тимот на МКхост?

Работата во МКхост е исполнета преку пријателска, динамична и тимски организирана средина, со можности за персонално и професионално унапредување. Погледни како изгледа еден работен ден во МКхост тука.

Дополнителни информации

Работното време во МКхост е од понеделник до петок, 08:30-16:30. Практикантот добива месечен надомест од 6.000 денари. Праксата е со времетраење од 2 месеци, и потоа постои можност за вработување.

Испрати го твоето CV на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. најдоцна до 30.04.2019.

Leave a comment