АрцелорМиттал е водечки светски производител на челик со претставништва во повеќе од 60 земји. Присутни се на пазарот во Македонија од 2004 година и постојано се стремат да го поттикнат развојот и напредокот на младите кадри преку практикантска програма во различни области.

 

Во насока на професионално усовршување на младите, АрцелорМиттал Скопје нуди пракса со полно работно време во:

-       Сектор за човечки ресурси и правни работи ;

-       Оддел за програмирање;

-       Оддел за здравје, безбедност и екологија;

-       Оддел за пластификација и поцинкување;

Придобивки:

-       3 месечна практикантска работа со ментор;

-       Континуиран процес на учење и развој на вештини;

-       Покриени трошоци за превоз и храна;

-       Професионална работна атмосфера;

-       Стекнување искуство во меѓународна компанија

Сите студенти (апсолвенти, дипломирани и постдипломци) кои имаат добри компјутерски вештини, се комуникативни, тимски ориентирани, сакаат предизвици и се насочени кон успех, може да го испратат своето CV на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., со назнака: „Апликација за Пракса – Одделот во кој аплицирате“.

Краен рок за аплицирање: 31.01.2019 година.

Leave a comment