Стекнете со работно искуство во водечка и светка компанија за производство на челик.

 

Опис: АрцелорМиттал е светска водечка компанија за производство на челик, со претставништва во над 60 земји. Присутни сме на пазарот во Македонија од 2004 година и постојано се стремиме да го поттикнеме развојот и напредокот на младите кадри преку практикантска програма во различни области. Праксата во одделот за односи со клиенти, набавка и логистика е со полно работно време и вклучува: анализа на податоци, изработка на дневни, неделни и месешни извештаи, следење на тековни активности, изработка на презентации и сл.

Наменето за: сите студенти од Машински, Електро и Технолошко-металуршки факултет кои имаат одлично познавање на Англиски Јазик и компјутерски вештини, познавање на Excel, се комуникативни, тимски ориентирани, сакаат предизвици и се насочени кон успех.

Придобивки:

-        3 месечна практикантска работа со ментор

-        континуиран процес на учење и развој на вештини

-        покриени трошоци за превоз и храна

-        професионална работна атмосфера

Како да аплицирам?

Испратете го своето CV на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., со назнака „Апликација за пракса – Внатрешен транспорт“, најдоцна до 23 февруари 2018.

Leave a comment