Согласно со програмата на Фондацијата за стипендирање и професионален развој на Универзитетот Американ Колеџ Скопје за стипендирање на ученици, за академската 2019/2020 година ќе бидат доделени 12 стипендии.

 

Конкурсот за стипендии е отворен од 18.02.2019 година до 10.06.2019 година и ќе прифаќа апликации од средношколци кои завршуваат со средно образование во 2019 година.

УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат учениците кои завршиле четврта година во јавните или приватните средни училишта во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

·         Да се редовни ученици;

·         Да имаат положено државна матура.

Доказ за успех од полагањата за државна или училишна матура (се доставуваат по завршување на полагањата за матура).

Ќе се доделат стипендии на секој од наведените факултети и тоа:

Факултет за деловна економија и организациони науки

·         1 целосна стипендија;

·         1 целосна стипендија за програма ревизија и сметководство;

·         1 целосна стипендија за програмата за двојна диплома со Универзитет Тор Вергата, Рим;

·         1 делумни стипендии во висина од 50% од школарината - Факултет за компјутерска техника и информатика;

·         2 делумни стипендии во висина од 50% од школарината.

Факултет за архитектура и дизајн

·         1 целосна стипендија;

·         1 делумна стипендија во висина од 50% од школарината - Факултет за политички науки;

·         1 делумна стипендија во висина од 50% од школарината;

·         1 делумна стипендија за насоката психологија во висина од 50% од школарината.

Факултет за правни науки

·         делумна стипендија во висина од 50% од школарината - Факултет за странски јазици;

·         1 делумна стипендија во висина од 50% од школарината.

 

НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавата за стипендија се наоѓа на веб-страницата на УАКС.

Апликантите кои ја пополниле и испратиле пријавата, потребно е да ги достават и следните документи почнувајќи од 18.02.2019 година до 10.06.2019 година:

1.    Потврди за остварените приходи на вработените членови на семејството (за пензионираните – испратница од пензија) за последниот месец пред аплицирање по овој конкурс или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата. За невработените членови на семејството, да се достави потврда од Агенцијата за вработување на Република Македонија дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок (во потврдата да биде наведен износот на паричниот надоместок, доколку го примаат), додека за учениците потврди од училиштето;

2.    Изјава дека доставените документи се вистинити и податоците се идентични со оние податоци внесени во пријавата;

3.    Доказ за успех од средното училиште (сведителства од прва до трета година) и доказ за успех од полагањата за државна или училишна матура (резултати од државната матура и сведителството од четврта година ќе се достават откако ќе бидат добиени од страна на средните училиште и државните органи).

Учениците кои се пријавуваат на конкурсот, треба да ја пополнат пријавата, почнувајќи од 18.02.2019 година до 10.06.2019 година и да ја достават електронски на следната електронска адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или директно во Универзитетот, до: Фондација УАКС, бул. Трета македонска бригада бр. 60, 1000 Скопје (со назнака: конкурс за стипендија за академска 2019/2020 година).

Документите се праќаат на следната адреса: Фондација УАКС, бул. Трета македонска бригада бр. 60, 1000 Скопје (со назнака: конкурс за стипендија за академска 2019/2020 година).

Leave a comment