Полската национална aгенција за академска размена известува дека почнувајќи од академската 2019/2020 година, реализацијата на меѓународната билатерална соработка во областа на високото образование од страна на Полска ќе биде спроведена во рамки на новата Програма за размена на студенти и научници како дел од билатералната соработка - понуда за дојдовни студенти и научници (Exchange Programme for students and scientists as part of the bilateral cooperation – offer for incoming students and scientists).

Најважната новина во процедурата за пријавување на кандидатите е дека по нивното првично прифаќање, тие ќе имаат обврска да се регистрираат индивидуално на NAWA ICT системот.

Линк за регистрација.

Стипендијата ги вклучува школарината и трошоците за живот на стипендистот (сместување, исхрана и сл.) за време на неговото студирање, студиски престој, истражување, предавање или уметнички престој.

Потребните документи за поднесување на кандидатурите, како и подетални информации може да се најдат на следната веб-страница.

Апликациите треба да се достават до Министерството за образование и наука до 15 мај 2019 година.

Лице за контакт: Гоце Видановски, Сектор за меѓународна соработка, и-меил: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Leave a comment