За да прослават 150 години од учество на жените во високото образование, Универзитетот во Лондон нуди 150 стипендии за жени да студираат на Глобалната MBA програма.

 

Оваа стипендија ќе покрие 40% од вкупната школарината на MBA програмата. Дополнителни информации:

Каде: Универзитет во Лондон, Англија (University of London, England)

Националност: од било каде во светот

Вредност на стипендија: 40% намалување на школарината

Број на стипендии: 150

Степен програма: MBA студии

Кој може да се пријави:

-Може да бидат жени на било која нација, од сите возрасти, раси и нивоа на образование.

-Мора да бидете во можност сами да се финансирате за време на стипендијата.

-Полагање на приемен испит.

-Ги исполнуваат условите за прием на Универзитетот.

-Студентите кои веќе се регистрирани на Универзитетот во Лондон не можат да аплицираат за оваа стипендија.

Како да аплицирате:

За да аплицирате за оваа стипендија, мора да го пополните формуларот (вклучувајќи и две пишани изјави, максимум 500 зборови, во кои се наведени вашите достигнувања и како MBA ќе влијае на вашата иднина). После тоа, треба да ја поднесете оваа апликација за Глобалната MBA програма преку онлајн апликациска платформа, која можете да ја најдете тука: онлајн платформа за апликации

 

Краен рок: Постојат три рокови за поднесување на апликацијата:

-1 јуни 2018 (за влез во јули 2018 година)

-1 септември, 2018 (за влез во октомври 2018 година)

-1 декември, 2018 (за влез во јануари 2019 година)

 

За повеќе информации, посетете ја официјалната веб страна од универзитетот.

Leave a comment