Универзитетот Утрехт, Холандија доделува стипендии за постдипломскии студии на најдобрите меѓународни студенти. 

 

Се доделуваат од 20 до 25 стипендии. Стипендијата ги покрива трошоците за школување или и трошоците за школување и трошоците за живеење во износ од 11 000 евра. Стипендијата за една или две години, во зависност од времетраењето на постдипломските студии.

Услови за да аплицирате за стипендијата: да сте во најдобрите 10% од студентите на факултетот каде што сте дипломирале, да не живеете во земјите-членки на Европската Унија, да не сте завршиле средно образование и факултет во Холандија, да имате аплицирано за постипломски студии со почеток од семпември 2018 година.

Повеќе информации за условите, начинот на пријавување и универзитетот, може да најдете на следниот линк.

Краен рок за аплицирање е: 1 – ви февруари 2018 година.

Leave a comment