Сите стипендии не се исти. Некои од стипендиите ги покриваат трошоците за школување, некои нудат грантови, некои ги покриваат само трошоците за живеење. Но има стипендии кои ги покриваат и трошоците за школување и за живеење.

 

Некои од најпознатите целосни стипендии се:

Fullbright Foreign Student Program во САД – оваа програма нуди целосно покривање на трошоците за постдипломски или докторски студии.

British Chevening Scholarships во Велика Британија – покриени се сите трошоци за едногодишни постдипломски студии.

Endeavour Postgraduate Awards во Австралија – програмата нуди целосно покривање на трошоците за постдипломски или докторски студии.

Swiss Government Excellence Scholarships во Швајцарија – програмата ги покрива целосно трошоците за докторски студии или постдокторски истражувања на некој од  државните универзитети или признати институции.

Swedish Scholarships for International Students во Шведска – програмата целосно ги покрива трошоците за постдипломски студии на шведските универзитети.

VLIR-OUS Training and Masters Scholarships во Белгија – стипендиите се доделуваат на земјите во развој од Азија, Африка и Јужна  Америка. Целосно покривање на трошоците е за постдипломски студии.

New Zealand Development Scholarships во Нов Зеланд – стипендиите се доделуваат на земјите во развој од Африка, Азија, Јужна Америка и Карибите за постдипломски студии.

 

 

Leave a comment