Главната причина за одржување на овој семинар е да се подигне квалитетот на курсевите за обука во рамките на програмата Еразмус +, особено проекти за мобилност на младите насочени кон маргинализираните млади луѓе; и проектите кои се фокусираат на најголемите и итни предизвици во Европа, како што се невработеноста, бегалците, барателите на азил и мигрантите.

Овој Семинар ќе доведе до посилно препознавање на придонесот на младинската работа во општеството, развивање на стратегии за градење капацитети и јакнење на достапноста на ресурсите и механизми за поддршка за обука.

Семинарот базиран на NFL ќе биде простор за:

- споделување на образовни методи, идеи и трикови;

- анализирање на добрите практики и предизвици искусени во текот на претходната TC (поврзани со планирање на обуките, имплементација и дебатирање на проблеми со кои се соочуваат во текот на овие процеси);

- учење како да комуницираат ефикасно во групата;

- дискусија за подобрување на професионалниот развој на обучувачите;

- развој на интеркултурни компетенции;

- разгледување и размислување за начинот на промовирање на различноста, меѓукултурниот и меѓурелигискиот дијалог, заедничките вредности на слободата, толеранцијата и почитувањето на човековите права;

- зајакнување на партнерства и креирање на нови идеи за заеднички проекти поврзани со најважните прашања во Европа.

Семинарот ќе се одржи од 4 - 9 јануари 2018 година, во Лешно, Полска.

Ако сте заинтересирани да учествувате ве молиме контактирајте ја НВО (партнер на проектот) поблиску до Вас или Организацијата за хостинг - Fundacja Arena i Świat и пополнете ја апликацијата.

Краен рок за пријавување: 24 ноември 2017 година

 

Повеќе информации за семинарот и начинот на пријавување на следниот ЛИНК.