Секоја академска година Факултетот за спорт при Универзитетот во Лајпциг, со поддршка на Сојузното министерство за надворешни работи, организира меѓународни курсеви за професори и тренери по физичка култура во траење од 5 месеци.

 

 Видот на курсевите се менува секоја година, а во 2020 година се нудат курсеви за тренери во областите: одбојка, атлетика, фудбал и спорт на лица со посебни потреби.

Сите потребни информации, услови и документите за апликација може да се најдат на следниот линк.

Апликацијата се доставува на адресата на Амбасадата на СР Германија во Скопје најдоцна до 10 август 2019 година, која проверува дали документите се комплетни и ги доставува до Универзитетот Лајпциг.

Германска амбасада Скопје

ул.„ Леринска“ , бр. 59, 1000 Скопје

Оддел за култура и образование

Службеничка: Хајке Јовeски

Лок. тел. +389 2 309 38 49

E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.  

www.skopje.diplo.de

Leave a comment