Oтворен повик за 2 учесници од Македонија за обука на тема Youth Are Not Alone.

 

Обуката ќе се одржи во Рекоаро Терме, Италија, од 25-ти јули до 1-ви август 2019 година во рамките на програмата Еразмус+ на Европската комисија.

Котизацијата за учество на обуката е 40 евра. Сместувањето и храната се целосно покриени од страна на организаторите, како и патните трошоци до 275 евра.

Услов за учество е пријавените кандидати да имаат над 18 години, да се мотивирани и подготвени да учествуваат во сите активности на проектот и да можат да комуницираат на англиски јазик бидејќи тој е работен јазик на проектот.

Формуларот за апликација, начинот на аплицирање и повеќе информации за обуката можете да најдете на следниот линк.

Краен рок за аплицирање: 1 јуни 2019 година.

Leave a comment