Отворен повик за тренинг курс што ќе се одржи во Благоевград, Бугарија од 13 до 21 мај 2019 година.

На тренингот ќе учествуваат 30 младински работници од Велика Британија, Италија, Бугарија, Шпанија, Грција, Романија, Турција, Кипар, Холандија и Македонија.

Потребни се 3 учесници со следниот профил:

·         Младински работници, лидери, координатори, НВО претставници со искуство или вештини во областа;

·         Да го користат активно англискиот јазик;

·         На возраст над 18 години.

Потребата на проектот произлегува од растечките тензии и насилство помеѓу малите етнички/групи мигранти и нараснатите тензии во самите членки на ЕУ по прашање на национализмот и расизмот. По подолга анализа на ситуацијата во земјите партнери и долгогодишното искуство на партнерите во оваа област заедно го изготвивме концептот на овој предлог проект. Шовинизмот, расизмот и дискриминацијата проследена со насилство и закани кон малцинствата ја налага потребата за изнаоѓање стратегии за решавање на конфликтите, радикализацијата и насилството помеѓу младите луѓе.

Главните цели на проектот се:

·         Да се развијат знаења, вештини и компетенции на младинските работници во разрешувањето на конфликтите и градење на мирољубиви решенија;

·         Да им се обезбеди разбирање на концептот за ненасилно делување и едукација за човековите права кои можат да ги применат во локалните заедници за избегнување конфликти и насилна радикализација меѓу локалните млади луѓе;

·         Да ги мотивира учесниците за застапување на ненасилни активности на локално, национално и меѓународно ниво и да го шират тоа и да дејствуваат како  амбасадори на мирот;

·         Да ја поттикнат соработката меѓу организациите за понатамошни активности и иницијативи во изградба на мирољубиви решенија помеѓу младината;

·     Да ги промовираат европските вредности на интеркултурен дијалог, мир, анти-дискриминација, разновидност, почитување на човековите права, толеранција и солидарност.

Пријавете се со испраќање на мотивациско писмо на англиски јазик, со Subject: „TC in Bulgaria на следната и-меил адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

Повеќе информации на следниот линк.

Краен рок за пријавување: 22 април 2019 година.

Leave a comment