Во модерно демократско општество засновано на принципите на плурализам, слобода на говор, движење и изрази, различноста е реалност, но богатството што го носат заедниците и тимовите е генерално потценето.

За да се подобри благосостојбата на општеството, треба да се реши феноменот на различноста.

Проектот е наменет за млади лидери коишто сакаат да ги развијат своите компетенции за управување со различностите и да имплементираат култура на разновидност во својот живот и работното опкружување. Младинската размена „Diversity academy“ е седумдневна активност во која ќе учествуваат 36 учесници.

Цели:

- Да се продлабочат капацитетите на младинските работници за практиките на вклучување и да научат како таквите практики можат да вклучуваат луѓе со помалку можности во проектите за мобилност во нивната секојдневна работа;

- Да се развијат компетенции на учесниците во дизајнирање и олеснување на едукативни работилници за младински размени;

- Да ги научат потребите на корисниците на младинските организации и да ги приближат организациите и нивните целни групи поблиску до секого;

- Да се создаде простор за саморефлексија и самооценување на младите и да се промовира Youthpass како алатка за препознавање на напредокот во учењето;

- Да се промовираат разновидно ориентирани и инклузивни пристапи на Младинската програма Еразмус + и да се генерираат нови проектни идеи.

Сместување:

Соби: 3-6 креветни соби, опремени со крпи и постелнина (во објектот нема фен). Главната просторија за активност се наоѓа во истата зграда. Wi-Fi конекцијата е достапна (сепак, може да биде малку ограничена). Организаторите ќе им обезбедат на учесниците три оброци дневно и кафе пауза. Секој учесник однапред да ги информира организаторите за сите посебни диететски потреби.

Кога: 23.09-01.10.2019

Земји учесници: Литванија, Македонија, Турција, Ерменија, Грузија и Украина.

Можете да земете дел од курсот за обука ако сте:

- помеѓу 20-25 години;

- со соодветно познавање на англискиот јазик;

- млади заинтересирани за учење;

За да аплицирате, пополнете го онлајн формуларот за апликација.

Каде: Nevaršonys, Lithuania

За дополнителни прашања, контактирајте на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

Само избраните учесници ќе бидат контактирани.

Рок за пријавување 30.04.2019 година.

Leave a comment