Доколку сакате да научите да планирате и пишувате проекти, овие обуки се за вас.

 

Проефект организира Обука за планирање на предлог проекти од ЕУ и други донатори, во следниот термин: 

- 14-15 јули 2018 (сабота и недела), Почетна/Основна Обука за EU проекти , во рамките на која се организира и бесплатна сесија на 3/07/2018 од 9:30 до 11:30
- 18-19 јули 2018 (среда и четврток ), Почетна/Основна Обука за EU проекти , во рамките на која се организира и бесплатна сесија на 3/07/2018 од 9:30 до 11:30
- 15 - 16 Август 2018 (среда и четврток), Почетна/Основна Обука за EU проекти , во рамките на која се организира и бесплатна сесија на 3/07/2018 од 9:30 до 11:30

На бесплатните сесии може да присуствува секој кој ќе се пријави со пополнување на апликацијата дадена на линкот подолу до пополнување на лимитот на можни учесници на кој ќе се претставт сите отворени повици за грант поддршка на EU (со крајни рокови до септември 2018).

Обуката се одржува во просториите за обука на ПРОЕФЕКТ (или на друга локација кога е потребно) со Зоран Стојковски, како главен обучувач за оваа тема со богато 20 годишно искуство во работа за меѓународни и домашни организации за грант поддршка.

Секој учесник добива материјали за работа, потребните формати, како и сертификат за завршен курс (на крајот по процесот на менторство)

Пополнете апликација за учество во Обуката на следниот линк: https://goo.gl/forms/FFE41zVepLU7LYsa2 . Истата треба да ја поднесете во најскоро време, но не подоцна од 12 часот на еден ден пред одржувањето на обуката. Плаќање на котизацијата треба да се направи веднаш по поднесувањето на оваа апликација за учество (и по добивањето на (про)фактура од ПРОЕФЕКТ) на жиро сметката на ПРОЕФЕКТ најдоцна еден ден пред почетокот на обуката. Обуката се одржува во периодот од 9.30-17.30 во секој од деновите на обука во просториите за обука на ПРОЕФЕКТ во Скопје.

Покрај основните обуки, се организираат и напредни Обуки во следните термини:
- 10 -11 -12 Јули 2018 (вторник- четврток)
- 24 -25 -26 Јули 2018 (вторник- четврток)
- 17-18-19 Август (петок-недела)

Напредната обуката за пишување проекти е продолжение на досега понудената Обука за подготовка на ЕУ прокети, и е наменета за оние поединци и организации кои сакаат да се фокусираат на развој на вештини за пополнување и пишување проектни апликации. За повеќе детали за оваа тридневна обука, износите на котизација и пријавување во напредната Обука следете го овој линк: https://goo.gl/forms/COy87exNqMJqvmDK2.
Цените на Напредната Обука се повисоки, пред се поради поголемиот број на денови на Обуката, и истите можат да се најдат на линкот за напредната обука даден погоре.

За дополнителни информации можете да не контактирате на тел: 070 355 095 или на е-маил адресата This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Leave a comment