Оваа година, на 26 и 27 јули, во Градскиот Парк во Крушево ќе се одржи Крушево Будно - музички фестивал организиран од Локалниот Младински Совет на Општина Крушево.

 

И оваа година младите ќе имаат можност да бидат на едно место и по четврт пат ќе ја испратиме пораката:

Ние не сме поделени!“

Ќе покажеме дека музиката обединува и ни помага да го пронајдеме своето место во светот на љубовта и соживотот!

 

Крушево Будно и оваа година ќе биде можност за младите да го изразат својот музички дух и да го остават градот буден до зори!

 

Ве очекуваме на уште едно докажување дека младите го движат и сакаат градот !!

Leave a comment