Young Friends of the Earth Macedonia започнува!

 

Ве покануваме на нашата прва работилницата која е инспирирана од идејата за поттикнување на вредности на еднаквост и интеркултурализам меѓу младите луѓе во Македонија.

Целта е да ја направиме поврзаноста помеѓу навидум неповрзаните општествени проблеми и да дискутираме за интерсекционалноста како мултидисциплинарен пристап кон социјална промена. На оваа работилница ќе се запознaете со алатки од „популарно образование“, ќе дознаете повеќе за еколошка правда, интерсекционализам и секако ќе се запознаете со македонскиот дел од мрежата на YFoE.

Датум: 20-ти октомври (сабота), 2018

Време: 10:00 - 17:00 часот

Место: Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје

За кого е наменета работилицата?

Работилницата е наменета за вас доколку сте млади ентузијасти од 15-30 години и:

- Дејствувате во сферата за зачувување на човековите права, на животната средина, на социо-економската праведност;

- Работите со млади инспиративни групи, се залагате за рамноправни права на маргинализираните заедници ;

- Или пак волонтирате и/или имате интерес за овие мултидисциплинарни теми.

Напомена: Young Friends of the Earth Europe ги покрива патните трошоци за учесници кои не доаѓаат од град Скопје, затоа ги охрабруваме и младите ширум Македонија да се пријават за учество!

За повеќе информации контактирајте нѐ на: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или на 078 243 723.

Аплицирајте на следниот линк најдоцна до 12 октомври. Бројот на учесници е ограничен.

Leave a comment