Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола објавува Конкурс за запишување студенти на прв циклис студии во академската 2019/2020 година.

 

Право на запишување на прв циклус (додипломски студии) на единиците имаат:

- Кандидати кои положиле државна или меѓународна матура;

- Кандидати со завршено четиригодишно средно образование во претходните учебни години (пред учебната 2007/2008 година) кои не полагале државна матура.

- Кандидати што имаат завршено високо или вишо образование на сродни факултети и виши школи и кандидати кои паралелно студираат сродни факултети, студиски групи или насоки.Овие кандидати се запишуваат со школарина на студиите како редовни или вонредни студенти надвор од вкупната квота според успехот од завршеното претходно образование.Сродноста на завршеното високо или вишо образование, како и сродноста на факултетите, студиските групи или насоки за кандидатите кои сакаат паралелно да студираат две студиски програми, ја утврдуваат и објавуваат единиците на Универзитетот;

- Кандидати кои целосно или делумно завршиле средно четиригодишно образование во странство.

Пријавувањето и запишувањето на кандидатите во првиот, вториот и третиот уписен рок на сите единици на Универзитетот, се врши во следниве термини:

Прв уписен рок: 29.08. и 30.08.2019

Втор уписен рок: 13.09. и 16.09.2019

Трет уписен рок: 24.09.2019

На следниот линк можете да прочитате повеќе за слободните места на студиските програми, како и за потребните документи и критериумите за упис.

Leave a comment