Врз основа на член 149 од Законот за високото образование на Р. Северна Македонија (сл.весник 82/2018) и Статутот на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” Свети Николе – Битола, Република Северна Македонија, Ректорската управа го објавува следниот Конкурс за запишување студенти на прв циклус на студии во академската 2019/2020 година.

 

Факултет за економија и организација на претприемништвото (4+1)

-          Менаџмент на организација

-          Финансии и кредит

Факултет за психологија (4+1)

-          Општа психологија

Факултет за информатика (3+2)

-          Софтверски технологии

-          Компјутерски системи и мрежи

Факултет за безбедносно инженерство (3+2)

-          Безбедност при работа

-          Безбедност од пожар

Факултет за правни науки (3+1+1)

-          Административно право и јавна администрација

-          Граѓанско право

-          Казнено право,

-          Меѓународно право, право на ЕУ и диппломатија

-          Финансии и деловно право

Услови и критериуми за упис

Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1000 евра (за една учебна година) во денарска противвредност, односно 1200 евра (за една учебна година) за Факултетот за Безбедносно инженерство, сметано по курс на НБРМ на денот на уплатата. При плаќање на партиципацијата во готово студентите добиваат попуст од 10 %.

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

Рокови за пријавување и запишување  

Првиот уписен рок трае од 25.04.2019 година до 25.08.2019 година. Во првиот уписен рок право на запишување имаат кандидатите со положена државна или меѓународна матура, студенти од други факултети и дипломирани лица. Листата на запишаните студенти ќе биде објавена на 31.08.2019 година.

Вториот уписен рок трае од 01.09.2019 година до 25.09.2019 година. Доколку во првиот уписен рок не се пополнат сите предвидени места, во вториот уписен рок можат да се запишат студенти од други факултети и дипломирани лица. Листата на запишаните студенти ќе биде објавена на 30.09.2019 година.

Потребни документи за запишување

При пријавувањето за упис на прв циклус на студии во учебната 2019/2020 година, кандидатите ги поднесуваат следните документи:

-          Диплома за завршено средно образование, односно доказ за положена државна или меѓународна матура;

-          Свидетелства од сите 4 години;

-          Копија од извод од матична книга на родените;

-          Копија од државјанство;

-          4 мали фотографии во боја.

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” Свети Николе – Битола, Република Северна Македонија во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр. 16.

За подетални информации занитересираните кандидати можат да се обратат на тел. 032/440-330, 032/440-202, 047/222-503, 047/238-077 или преку е- пошта: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

Повеќе информации за студиските програми можете да прочитате на следниот линк.

Leave a comment