Дата Мастерс Aкадемијата објавува Конкурс за запишување на слушатели на Data Science Академијата.

Организирана е и комплетно оформена од тимот на Data Masters - првата компанија во регионот специјализирана во Business Intelligence и Data Science, чии обучувачи поседуваат богато меѓународно искуство од областа на Artificial Intelligence, Data Science, Machine Learning и Business Intelligence.

Data Science Академијата има 15 отворени места за стручна доквалификација/преквалификација во техничката област на Data Science. Оваа стручна обука е со времетраење од 8 месеци, во програма поделена на два дела, од кои теоретскиот дел опфаќа 6 месеци, а наредните два месеци се предвидени за завршување на практичен проект со менторство еден на еден.

Како гаранција за квалитетот на нашата академија е фактот што оваа академија е дел и од обуката која ја поминуваат нашите идни вработени, што дополнително ја потврдува сериозноста и фокусот кој што ќе го инвестираме во тоа да направиме искусен професионалец од секој слушател.

КОЈ МОЖЕ ДА ПРИСУСТВУВА

На оваа стручна обука може да присуствува секој кој има над 18 години и е студент, вработен, невработен, CEO, CTO…. кој поседува добри аналитички способности, ја дели нашата љубов кон податоци, присуствувал на предавања по математика и е отворен кон техничките вештини потребни за програмирање, кое воглавно опфаќа Python (вештини кои ќе му бидат во целост пренесени во текот на академијата).

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР И ЗАПИШУВАЊЕ

Секој апликант ќе помине низ едно телефонско и едно интервју во нашите канцеларии. Тоа ќе се одвива по вашата апликација, која можете да ја извршите на овој линк. Овие интервјуа ги правиме како би извршиле техничка евалуација и би ги усогласиле вашите предзнаења со потребите на академијата и знаењето на целата група со цел да ја прилагодиме програмата кон потребите на секој слушател.

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Краен рок за пријавување е 01.09.2019 година.

Дополнителни информации на 070 382 892 или на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. Ве очекуваме!

Leave a comment