Агенцијата за млади и спорт во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја промовираше младинската картичка.

 

Mладинската картичка може да ја добие секое лице во државата, на возраст од 15 до 29 години. Со користење на картичката младите имаат поволности и попусти во разни сектори, и тоа: угостителски објекти, малопродажба, култура, спорт, едукативни центри за обуки за стручни вештини итн. Во проектот досега се вклучени околу 300 субјекти, како што се кафулиња, ресторани, театри, киносали, транспорт, железница и други кои ќе дадат одредени попусти во нивните услуги.

Картичката е бесплатна, ќе се аплицира онлајн и ќе може да се подигне на повеќе локации или да биде испратена по пошта. Издавањето на картичките ќе започне од 1 јули 2019 година.

Аплицирајте на следниот линк.

Leave a comment