Error
  • JUser: :_load: Unable to load user with ID: 79833

Агенцијата за супервизија на осигурување објавува конкурс за годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Македонија за 2019 година.

 

Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри, Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2019 година за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Македонија.

Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување изнесува 80.000,00 денари.

Трудот задолжително треба да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 15.000 зборови (без апстракт, библиографија и анекси) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување кое ги содржи следните основни делови:

- апстракт;

- осврт на консултираната литература од областа која се истражува;

- опис на методите на истражување кои се користат во трудот;

- анализа;

- заклучни согледувања;

- библиографија. 

Право за учество на конкурсот имаат државјани на Македонија до триесет и петгодишна возраст, односно до денот на доделувањето на наградата на 1.11.2019 година, учесниците не треба да имаат наполнети триесет и шест години. Учесниците кои имаат стекнато титула доктор на науки до денот на поднесувањето на трудот немаат право на учество на конкурсот.

Вработените и членовите на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување  немаат право на учество на конкурсот.

Трудовите се поднесуваат на македонски, албански или англиски јазик.

Еден автор има право да поднесе само еден самостоен труд. Трудовите изработени во коавторство не се прифатливи.

На конкурсот авторите имаат право да конкурираат и со веќе објавени трудови во текот на 2019 година. При поднесувањето на трудот, авторот треба да наведе кога и каде бил објавен трудот.

Конкурсот ќе се смета за успешен доколку се пријават најмалку 3 истражувачки трудови кои ги исполнуваат наведените услови.

Трудовите се поднесуваат до Агенцијата за супервизија на осигурување  по електронски пат, на адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. , со назнака: „За годишна награда на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2019 година“.

Покрај трудот, авторот треба да достави и биографски податоци. Доставените трудови ќе имаат третман на материјали со доверлив карактер.

Изборот на најдобар труд го врши Комисија која се состои од пет члена, од кои најмалку тројца се надворешни членови. Членовите на Комисијата ги назначува Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување со одлука која ќе се објави на интернет-страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување ќе се додели на 1.11.2019 година, по повод денот на основањето на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Краен рок за доставување на трудовите е 30.9.2019 година.

 

Leave a comment