На единиците на Универзитетот Американ Колеџ Скопје може да се запишат вкупно 380 студенти во прва година на прв циклус студии во академската 2019/2020 година.

 

1. На Факултетот за деловна економија и организациони науки може да се запишат вкупно 130 студенти во прва година на студии на следните насоки:

- Менаџмент, маркетинг и финансии (настава на македонски јазик);

- Менаџмент, маркетинг и финансии (настава на англиски јазик);

- Ревизија и сметководство (настава на англиски јазик, четиригодишни студии);

- Бизнис администрација и економија (ДВОЈНА ДИПЛОМА СО УНИВЕРЗИТЕТ ТОР ВЕРГАТА – РИМ, Италија, настава на англиски јазик) (10 студенти).

2. На Факултетот за архитектура и дизајн може да се запишат вкупно 70 студенти во прва година на студии (настава на македонски јазик) на следните насоки:

- Архитектура;

-Внатрешна архитектура;

-Визуелни уметности.

3. На Факултетот за компјутерска техника и информатика може да се запишат вкупно 70 студенти во прва година на студии (настава на англиски јазик) на следните насоки:

-Софтверско инженерство;

-Компјутерски мрежи;

-ИТ менаџмент;

-Менаџмент на информациски системи (НАСТАВНАТА ПРОГРАМА Е АКРЕДИТИРАНА ВО САД);

-Роботика, вештачка интелигенција и обработка на сигнали.

4. На Факултетот за политички науки може да се запишат 30 студенти во прва година на студии на следната насока:

-Психологија (настава на англиски јазик, четиригодишни студии);

-Меѓународни односи и дипломатија (настава на англиски јазик);

-Економска дипломатија (настава на англиски јазик).

5. На Факултетот за странски јазици може да се запишат 30 студенти во прва година на студии на следната насока:

-Настава по англиски јазик;

-Деловна комуникација и превод на англиски јазик (НАСТАВНАТА ПРОГРАМА Е АКРЕДИТИРАНА ВО САД)

6. На Факултетот за правни науки може да се запишат вкупно 30 студенти во прва година на студии (настава на македонски јазик) на следните насоки:

-Правосудна насока.

7. На Меѓународната висока школа за архитектура и дизајн можат да се запишат вкупно 20 студенти во прва година на студии на следните насоки:

- Архитектура.

Право на запишување на прв циклус студии на единиците на УАКС имаат само кандидати кои положиле државна матура или меѓународна матура. Право на запишување на прв циклус студии имаат и кандидати со завршено четиригодишно средно образование според прописите кои важеле пред воведувањето на државната матура (пред учебната 2007/2008 година).

Кандидатите за запишување и посетување настава на наставни програми на англиски јазик ќе бидат тестирани за степенот на познавање на англискиот јазик. Врз основа на постигнатите резултати на тестирањето, ќе се организира подготвителна настава по англиски јазик.

Универзитетот ќе одобри попуст од 5% од износот на надоместокот за запишување на студии за кандидатите што ќе се запишат на прв циклус студии заклучно со 15.06.2019 година – рана регистрација.

Универзитетот за кандидатите што ќе се запишат на прв циклус студии ќе организира:

- подготвителна настава по англиски јазик (за студенти кои се запишуваат на наставни програми на англиски јазик);

- подготвителна настава по математика (за студенти на Факултетот за деловна економија и организициони науки, Факултетот за архитектура и дизајн и Факултетот за компјутерска техника и информатика);

- подготвителна настава по цртање (за студенти на Факултетот за архитектура и дизајн);

- подготвителна настава по информатика (за студенти на Факултетот за компјутерска техника и информатика);

- кариерно советување,

- обука за подготвување на биографија, мотивациско писмо и интервју за работа,

- обука за користење на електронската библиотека ЕБСКО,

- обука за користење на Мудл (Moodle) платформата за настава и интеракција со наставниот кадар.

Подетални информации во врска со овој конкурс може да се добијат на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, бул. Трета македонска бригада бр. 60, на тел. број 2 463 156 или на веб-страницата на Универзитетот www.uacs.edu.mk.

Краен рок за аплицирање: 24 август 2019 година.

 

Leave a comment