Компанијата ОКТА АД - Скопје заедно со Хеленик Петроеум Групацијата доделува стипендија за Постдипломски студии по Енергетика: стратегија, право и економија на Универзитетот во Пиреја (https://www.des.unipi.gr/applications/node/1)

 

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИЈА ЗА АКАДЕМСКИ СТУДИИ ОД ВТОР ЦИКЛУС ВО ГРЦИЈА ЗА АКАДЕМСКАТА 2019/2020 ГОДИНА

Ова е првата Магистерска програма во Југоисточна Европа и една од само неколку во Европа, посветена исклучиво на Енергетска стратегија, право и економија. Програмата на постдипломските студии се изучува на англиски јазик и се одвива во два семестри. Потоа студентите работат на својот магистерски труд. Предавањата започнуваат на есен и ќе се одвиваат во период од по 11 недели во секој семестар. Предавањата се одржуваат во петок навечер и во сабота.

 

I.УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА

Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следните услови:

1.            Да има завршено академски студии од прв циклус на: Технолошко-металуршки факултет, Природно-математички факултет, Факултет за електротехника и информациски технологии, Машински факултет, Економски факултет, Правен факултет. Се прифаќаат апликации од студенти кои очекуваат да ги завршат додипломските студии до септември 2019 година;

2.            Да има доказ за активно познавање на англиски јазик (препорачани сертификати: TOEFL и IELTS);

3.            Да не е корисник на стипендија од други даватели;

4.            Да е државјанин на Република Северна Македонија.

Кандидатот ќе биде избран од страна на факултетот, а селекцијата ќе се врши по строги критериуми врз основа на академски успех, професионално искуство, странски јазици, професионални перспективи, итн.

 

II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

 

1.            Пријава (формулар достапен на интернет страната на Факултетот);

2.            Копија од диплома за завршени академски студии од прв циклус и уверение за постигнат успех (преведени на англиски јазик од овластен судски преведувач). Доставувањето курикулум со опис на положените предмети е добредојдено;

3.            Две препораки на англиски јазик од професори и/или работодавци;

4.            Уверение за активно познавање Англиски јазик (препорачани сертификати: TOEFL и IELTS);

5.            Две нови фотографии.

 

III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА

Стипендијата ги покрива трошоците за школарина, како и трошоци за живот во висина од 1.000 евра месечно.

 

IV. РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Рокот за пријавување на кандидатите за користење на академската стипендија за студии од втор циклус на Универзитетот во Пиреја е најдоцна до 31.05.2019 година.

 

По поднесувањето на онлајн апликацијата, треба да ја испечатите, потпишете и испратите потврдата што ќе ја добиете на email заедно со сите потребни документи за аплицирање на следната адреса: Master Program in Energy: Strategy, Law & Economics University of Piraeus, Department of International and European Studies. 80 Karaoli & Dimitriou str., PC 185 34, Piraeus.

 

Откако апликацијата ќе биде испратена по пошта, Ве молиме да нè информирате за истото на следнава е-маил адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Контакт лице за дополнителни информации:

Мирко Трајановски +389 2 2532 565, email: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Leave a comment