Компанијата ОКТА АД-Скопје заедно со Хеленик Петролеум Групацијата доделува стипендија за Постдипломски студии по нафтено инженерство на Факултетот за инженерство на минерални ресурси на Техничкиот универзитет на Крит (www.peteng-master.tuc.gr).

 

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИЈА ЗА АКАДЕМСКИ СТУДИИ ОД ВТОР ЦИКЛУС ВО ГРЦИЈА ЗА АКАДЕМСКАТА 2019/2020 ГОДИНА

Програмата за постдипломски студии по нафтено инженерство е дизајнирана да им обезбеди на студентите научна позадина во истражување на јаглеводороди и вештини од практичен аспект во нафтено инженерство. Програмата започнува во октомври и трае 12 месеци односно два семестри, во редовни студии и се одвива на англиски јазик. По успешно полагање на испитите, студентите се обврзуваат на Магистерски труд, односно теза, која треба да се заврши во рок од 3 месеци.

 

I.УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА

Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следните услови:

1.    Да има завршено студии од прв циклус по инженерство или во соодветна област од науката на Технолошко металуршки факултет, Машински факултет или ПМФ – Институт за хемија и Институт за физика;

2.    Да поседува соодветен сертификат како доказ за активно познавање англиски јазик;

3.    Да не е корисник на стипендија од други даватели;

4.    Да е државјанин на Република Северна Македонија.

Кандидатот ќе биде избран од страна на Управниот одбор на Факултетот во Грција, а за кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе биде организирано интервју.

 

II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

1.    Пријава за аплицирање;

2.    Детално CV кое покажува научно или индустриско искуство;

3.    Скенирана копија од диплома и од уверение за завршени дипломски студии од прв циклус, преведени на англиски јазик од овластен судски преведувач;

4.    Сертификат за активно познавање англиски јазик;

5.    Скенирана копија од пасош;

6.    Фотографија;

7.    Мотивациско писмо;

8.    Две препораки испратени директно од е-маил адресата на пишувачите на препораката на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.;

 

III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА

Стипендијата ги покрива трошоците за школарина, како и трошоци за живот во висина од 1.000 евра месечно.

 

IV. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Рокот за пријавување на кандидатите за користење на академската стипендија за студии од втор циклус на Универзитетот во Крит е најдоцна до 31.05.2019 година.

 

По поднесување на апликацијата, потребните документи треба да се испратат на: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Контакт лице за дополнителни информации:

Мирко Трајановски +389 2 2532 565, е-маил: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Leave a comment