Европската комисија – Директорат за образование, млади, спорт и култура објавува јавен повик за апликации за мобилност во стручното образование и обука.

 

Главната цел на овојпилот-повик е да придонесе кон подобрување и модернизација на системите за стручно образование и обука во земјите кандидатки за членство во ЕУ и Африка, како и да ја зајакне врската помеѓу стручното образование и пазарот на трудот.

Подетално, целта на овој повик е да се зајакнат капацитетите на провајдерите на стручно образование и обука во земјите кандидатки за членство во ЕУ (лот 1) и Африка (лот 2) преку промовирање на активности за мобилност во насока на подобрување на вештините и компетенциите на наставниците од стручно образование и обука,  учениците, учесниците, менаџерите како и подобрување на перспективите за работа на младите студенти.

Вид активности кои се подобни во рамки на овој повик за Лот 1:

– Мерки за мобилност кои вклучуваат идентификација на таргет група на вработени, менаџери и ученици, подготовка на програми за обука со очекувани резултати од учење и селекција на учесници;

– Активности за мобилност како:

·         Мобилност на ученици во провајдери на стручно образование и обука и/или компании во странство од 2 недели до најмногу 3 месеци;

·         Подолгорочна мобилност на ученици во провајдери на стручно образование и обука и/или компании во странство (Еразмус Pro-type mobility 13) од 3 до 12 месеци.

– Мобилност на кадарот, вклучително:

·         Предавање /обука во странство – оваа активност им овозможува на вработените во провајдерите за стручно образование и обука да предаваат во партнер провајдер во странство. Исто така им овозможува и на вработените во компанија да држат обука кај провајдер за стручно образование и обука во странство;

·         Обука на кадарот во странство – со оваа активност се поддржува професионалниот развој на наставниците за стручно образование и обука преку упатување на работа или опсервација во компанија или кај друг провајдер за стручно образование и обука во странство;

·         Времетрањето на мобилноста на кадарот за оваа намена зависи од типот на активноста и е ограничена до најмногу 3 месеци.

– Активностите за мобилност ќе се фокусираат на ученици и кадарот кои пристигнуваат во ЕУ, а не заминуваат од ЕУ (што ќе биде ограничено само за кадарот).

Мобилност за целите на обуки и дообуки ќе бидат ограничени само за вработени од земјите кои не се членки на ЕУ. Исто така,  поедини ученици од Србија, Турција и Македонија кои веќе ги користеле можностите од Еразмус + програмите не се подобни за мобилност преку оваа програма. Истото се однесува и за обука и дообука на кадарот.

– Конференции, семинари;

– Обуки;

– Комуникациии, активности за подигнување на свесноста и споделување информации на национално и регионално ниво;

– Активности за создавање и развој на мрежи и размена на добри практики;

– Мапирања, анализи и истражувања за најдобрите практики за развој на идни сеопфатни програми за мобилност во стручно образование и обука.

Повеќе информации на следниот линк.
Потребните документи за аплицирање може да ги најдете на следниот линк.

Краен рок за аплицирање: 14 мај 2019 година, до 12:00 часот.

Leave a comment