Дојче веле бара учесници во проектот „Balkan Booster“ за 2019 година.

 

Сакате да дознаете како живеат луѓето во соседните земји и какви се нивните приказни? Заинтересирани сте за заштита на животната средина? Ако Вашите одговори се „да“ и ако сакате да снимате видеа со мобилен телефон и активно да ги користите социјалните мрежи, тогаш сте на вистинското место!

Дојче веле бара учесници за проектот Balkan Booster за 2019 година. За повеќе информации за проектот следете го хаштагот #dw_BalkanBooster или посетете ја страницата Balkan Booster.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

·         Да живеете во Македонија;

·         Да имате помеѓу 19 и 25 години;

·         Да студирате новинарство или да имате работно искуство во новинарство;

·         Да сте подготвени да работите во тим и да патувате;

·         Да можете да учествувате на тридневна обука за видео-новинарство во мај 2019 година;

·         Да сте мотивирани за истражување и за работа на приказни за заштита на животната средина;

·         Активно да користите социјални медиуми (Фејсбук, Инстаграм и Твитер);

·         Активно да користите (да зборувате и пишувате) англиски јазик;

·         Предност е ако знаете дa монтирате видеа;

·         Да сте мотивирани да научите повеќе за другите земји, идентитети и култури на Балканот.

Ако сте заинтересирани и сакате да станете дел од големото Balkan Booster семејство на Дојче веле, испратете ја својатабиографија на англиски јазик и кратко видео во траење до една минута во кое ќе ја наведете Вашата мотивација за проектот на и-меил: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. најдоцна до 21 април 2019 година.

Leave a comment