Асоцијација НЕЛ – Скопје во рамките на проектот ”Swapping Cultures-Erasing Borders” кој е поддржан од Regional Youth Cooperation Office објавува повик за учесници на натпревар за најдобра разгледница.

 

Повикот е наменет за млади аматери од 16-25 години кои поседуваат вештини за графички дизајн и илустрации.

На повикот учествуваат млади од Албанија, Косово, Србија и Македонија во национални повици.

Темата за разгледницата е интеркултурен дијалог и интеркултурно учење во западно-балкански контекст.

Рокот за аплицирање е до 15-ти септември до 12ч., а разгледниците можете да ни го испратите на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.со наслов Postcard competition.

Победниците ќе бидат објавени на 25-ти септември 2018 година.

Критериуми за пријавување:

-        едно лице може да испрати една разгледница

-        разгледниците треба да бидат дигитални со димензии 148х105 мм (А6 формат) или поголеми

-        треба да бидат во JPG или PNG формат

-        разгледниците треба да бидат ваше оригинално дело

-        копии од интернет нема да се прифаќаат

-        разгледниците ќе останат авторско право на партнерите и ќе се користат за промовирање на проектот.

Награди:

-        жири-комисија од 4 претставници од партнерските организации ќе одберат 4 победници, по еден од секоја земја.

-        секој од победниците ќе добие награда од 50 евра и ќе има право бесплатно да учествува во еден од интернационалните настани наредната година. Нивните разгледници ќе бидат отпечатени и употребени за промовирање на проектот.

-        исто така ќе бидат одбрани и 4 најдобри разгледници врз основа на најмногу добиени гласови на фејсбук.

 

Leave a comment