Министерството за образование и наука ке додели финансиски средства за објавени научно-истражувачки трудови од домашни автори во меѓународни научни списанија со фактор на влијание (импакт фактор). Согласно овој конкурс меѓународно списание е списание кое има меѓународен  уредувачки одбор.

 

Со конкурсот се предвидува:

-        Да се доделат финансиски средства во висина од 30.000,00 денари за 300 научно-истражувачки труда.

Конкурсот важи за труд објавен во 2017 година и ќе трае до 01 декември 2018 година.     

Министерството го задржува правото за дополнителен избор доколку се пријават повеќе од предвидениот број трудови за коишто ќе се доделат одредени средства, како и да додели помал број на еднократни финансиски средства од предвидените.

Министерството ќе доделува финансиски средства на подносителот на трудот. Во случај кога трудот има повеќе автори (баратели на финансиски средства) барателот доставува изјава потпишана од сите автори на кој автор ќе му бидат исплатени финансиските средства.

Барањето со пропратната документација ја поднесува субјектот за вршење на научно-истражувачка дејност во кој е вработен авторот  на домашен научно-истражувачки труд објавен во меѓународно научно списание.

Потребни документи за пријавување на Конкурсот:

-        Пополнетo барање,

-        Копија од објавениот научно-истражувачки труд од домашен автор во меѓународно научно списание со фактор на влијание (импакт фактор),

-        Копија од страницата на меѓународното научно списание каде е наведен насловот, годината и бројот на списанието; уредувачкиот одбор и издавачот на списанието во кое е објавен научно-истражувачкиот труд,

-        Насловна страна на списанието/документ за висината на факторот на влијание (импакт факторот според Web of Science) за меѓународното списание за 2017 година) и

-        Копија од фактура, односно уплатница за печатење на трудот, поднесена од страна на субјектот, или изјава

-        Изјава за користење лични податоци

-        Изјава за доделување или распределба на финансиските средства на барателите

Ненавремено или некомплетно барање нема да се разгледува.

Еднократните финансиски средства за оваа намена ќе се обезбедат со средства од Буџетот на Република Македонија за 2018 година.

Барањето со упатството за потребната пропратна документација може да се добие во Министерството за образование и наука или на интернет страницата на Министерството (www.mon.gov.mk).

Документите по основ на конкурсот во 3 примероци со назнака „Конкурс за објавен труд со фактор на влијание„ да се достават на адресата или во писарницата на:

Министерство за образование и наука, ул.”Св.Кирил и Методиј” бр.54 1000 Скопје

Дополнителни информации за конкурсот можат да се добијат во Министерството за образование и наукa.

Контакт лице:

Александар Петров телефон  02/3140-187 иe-mail адреса:This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., канцеларија 1412

и Олга Дуковска Атов телефон  02/3140-185 и e-mail адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.">оThis email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., канцеларија 1410

Leave a comment