Конкурс за избор на наставници за реализирање на дополнителна настава за основно образование на мајчин јазик за децата на граѓаните на Република Македонија коипрестојуваат во странство.

Се објавува Конкурс за избор на наставници за реализирање на дополнителна настава за основно образование на мајчин јазик за децата на граѓаните на Република Македонија кои престојуваат во странство за следниве држави:                                     

1.    Сојузна Република Германија (македонски  и албански наставен јазик) 

-        Еден (1) наставник во Штудгарт, Синделфинген, Улм, Фаинген Енц и околината (македонски наставен јазик);

-        Еден (1) наставник во Хамбург, Хановер и околината (македонски наставен јазик);

-        Еден (1) наставник во Хамбург, Карлотенсбургер, Стангелстрасе и околината (албански наставен јазик),

2.    Република Словенија (македонски наставен јазик)

-        Еден (1) наставник во Љубљана, Крањ, Козина Хрпље, Копер, Нова Горица и околината (македонски наставен јазик),

3.    Република Франција (македонски наставен јазик)

-        Еден (1) наставник во Пантан, Верно, Кантло и околината (македонски наставен јазик).

Наставата ќе се изведува на следниот јазик:

-        Сојузна Република Германија - два наставника на македонски наставен јазик и еден наставник на албански наставен јазик,

-        Република Словенија- македонски наставен јазик,

-        Република Франција- македонски наставен јазик.

Заинтересираните кандидати потребно е да ги исполнуваат следниве услови:

-        Завршено високо образование за одделенски наставник, педагог, наставник по македонски јазик или наставник по албански јазик;

-        Да имаат работен стаж од најмалку пет години во основно училиште;

-        Да го познава јазикот на државата за која конкурира;

-        Да е државјанин на Република Македонија;

-        Потврда дека не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност.

-        Времетраењето на ангажирањето на наставникот трае четири учебни години.

-        Проверка на познавање на јазикот на државата за која конкурира пријавениот кандидат го врши Министерството за образование и наука.

Избраниот наставник, во рок од 15 дена од денот на склучувањето на договорот за работа, има обврска да оствари личен контакт со одговорното лице во Агенцијата за иселеништво и да остави свои контакт податоци.

Потребни документи:

-        Молба;

-        Диплома за завршено високо образование или Уверение за завршено високо образование од каде ќе може да се утврди просекот;

-        Кратка биографија;

-        Потврда за работен стаж во основно училиште;

-        Уверение за познавање на јазикот на земјата за која конкурираат;

-        Потврда дека не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност.

Министерството за образование и наука, по службен пат, согласно потпишаните договори за соработка, ќе обезбеди уверение за државјанство на Република Македонија од Министерството за внатрешни работи.

Дневно работно време на наставникот:

-        8 часа во зависност од организацијата на воспитно-образовната работа на наставникот,

Неделно работно време на наставникот:

-        најмалку 5 (пет) дена во неделата.

Основен надоместок за работа во странство на наставникот изнесува:

Сојузна Република Германија - 1.740 EУР,

Република Словенија - 1.640 ЕУР,

Република Франција - 1.900 ЕУР.

Документите се поднесуваат во рок од 15 дена од денот на објавувањето на конкурсот.односно до 21.02.2018во архивата на Министерството за образование и наука, ул.„Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје, со назнака „Конкурс за наставник во странство“.

Документите се доставуваат во оригинал или копија заверена на нотар.

 Изборот на кандидатите го врши Комисијата формирана со решение на Министерот за образование и наука во рок од 30 дена од денот на завршувањето на Конкурсот.

Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да бидат разгледувани.

Leave a comment