Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) – Скопје, Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија - Велес (ЗФР) и Европското движење (ЕД) го спроведуваат проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ финансиран од Делегацијата на Европската Унија во Скопје преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и програмата за медиуми 2015.

 

Главна цел на проектот е да го зајакне влијанието на граѓанските организации во јавните политики на локално ниво.

Специфични цели на проектот:

-Да се создадат услови за граѓанските организации кои ќе овозможат правна и финансиска поддржувачка околина на локално ниво;

-Да се воспостави и развие одржлив механизам за градење партнерства и соработка помеѓу граѓанските организации и локалните самоуправи;

-Да се развијат капацитетите на граѓанските организации со цел да станат релевантни чинители во општествените процеси и донесувањето на јавни политики на локално ниво;

-Да се поттикне размена на добри практики, вмрежување и градење партнерства на национално, регионално и европско ниво.

Преку ре-грантовата шема за финансиска помош на овој проект ќе се поддржат мали проекти на граѓански организации. Грантовите ќе бидат доделени на проекти кои ќе придонесат кон главната цел на проектот. Ќе бидат поддржани иновативни идеи за подобрување на соработката помеѓу граѓанските организации (ГО) и локалните самоуправи (ЛС). 

Потребни документи за преземање:

Детален повик

Образец за пријавување

Изјава за партнерство

Буџет

Пријавите се доставуваат најдоцна до 17.00 часот, 24.12.2017 на следната адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

АЛДА Скопје во соработка со партнерските организации ќе организира четири информативни средби за заинтересираните кандидати на овој повик во Битола, Струга, Велес и Струмица. Точниот термин на одржување на информативните средби ќе биде објавен на интернет страниците на проектните партнери. 

Leave a comment