Министерството за образование и наука  распишува КОНКУРС  за заеднички  македонско – австриски научно-истражувачки проекти  за периодот  2018 – 2020 година.

 

Право на конкурирање имаат: државните универзитети во нивните единици насочени кон наука  (научни институти) и  во единици насочени кон образование засновано на наука (факултети), јавните научни установи, мешовити научни установи, приватни високообразовни установи, приватни научни установи, самостојни  истражувачи и центри на извонредност.

Услови за учество:

- Истражувачкиот тим на научноистражувачкиот проект треба да е составен од главен истражувач, со научно односно наставно-научно звање кој е вработен во установата носител на проектот и најмалку уште еден истражувач со научно или наставно-научно звање, евидентирани во базите на податоци за научни истражувачи на Министерството за образование и наука, како и најмалку два млади истражувачи, од кои еден активен постдипломец или докторант.

- Еден истражувач може да биде главен истражувач на само еден домашен и на само еден меѓународен научноистражувачки проект финансирани или кофинансирани од страна на Министерството за образование и наука, и

- други услови, согласно постојната законска регулатива

Краен рок за поднесување на предлози: 31.12.2017 година.

 

Повеќе информации за конкурсот и начинот на пријавување можете да најдете на следниот ЛИНК.

Leave a comment