Mинистерството за образование и наука распишува КОНКУРС за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија  за студиската 2017/2018 година.

 

Министерството за образование и наука за студиската 2017/2018 година ќе додели стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија и тоа по следните групи:

а) Прва група – 1.500 стипендии за студенти од социјални категории;

б) Втора група:

 - 630 стипендии (590 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 40 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа за студенти запишани на техничките факултети и медицинските науки кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година од најмалку 8.50, а за студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите да имаат постигнато најмалку 9,00 просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година;

- 125 стипендии (105 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 20 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа за студенти запишани на студиски програми по информатика кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 9,00 просечен успех;Евидентен_лист_2017.pdf

в) Трета група – 530 стипендии (500 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 30 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки и кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,00 просечен успех.

- 105 стипендии (70 стипендии за студенти, припадници на македонскиот народ, запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи), кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,00 просечен успех а се запишани на студиски програми по хемија, физика и математика и тоа:

- 20 стипендии на студиите по хемија,

- 20 стипендии на студиите по физика,

- 30 стипендии на студиите по математика и

(35 стипендии за студенти од припадници на заедниците кои не претставуваат мнозинство во Република Македонија запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи), кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,00 просечен успех а се запишани на студиски програми по хемија, физика и математика и тоа:

- 10 стипендии на студиите по хемија,

- 10 стипендии на студиите по физика,

- 15 стипендии на студиите по математика.

Услови за доделување на студентска стипендија:

Право на стипендија имаат студентите запишани на додипломски студии од прв циклус кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија и кои ги исполнуваат следните услови:

1. да се редовни студенти;

2. да не повторувале година во текот на студирањето;

3. да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании;

4. да се државјани на Република Македонија.

Начин и рок на пријавување:

Студентите кои се пријавуваат на конкурсот, треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот http://konkursi.mon.gov.mk почнувајќи од 10.11.2017 година заклучно со 20.11.2017 година.

Препорачливо е пред електронското пријавување, кандидатите да ги комплетираат потребни документи согласно стипендијата за која аплицираат, за да можат во електронската пријава да ги внесуваат точните податоци од документите .

За студентите кои се пријавиле повеќе пати, за валидна ќе се смета последната пријава.

Место и рок за поднесување на потребните документи:

Студентите, кои електронски се пријавиле по конкурсот, потребно е во Министерството за образование и наука, ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје, од 21.11.2017 година до 5.12.2017 година, во избраниот термин, да ги донесат или да ги испратат по пошта со препорачана пратка на горенаведената адреса.

 

Повеќе информации за конкурсот и потребните документи можете да ги најдете на следниот ЛИНК.

28 comments

  • adidas yeezy adidas yeezy 18 Nov 2017

    Thanks for all of your work on this website. My niece delights in participating in investigations and it's really simple to grasp why. We all learn all regarding the lively way you make important guides via your web blog and even strongly encourage participation from website visitors on the theme and our own daughter is always learning a whole lot. Enjoy the rest of the year. You have been carrying out a stunning job.

    Reply
  • yeezy boost 350 v2 yeezy boost 350 v2 18 Nov 2017

    Good post. I be taught one thing more difficult on completely different blogs everyday. It should all the time be stimulating to learn content from different writers and practice a bit of one thing from their store. I抎 choose to use some with the content material on my weblog whether or not you don抰 mind. Natually I抣l provide you with a hyperlink on your internet blog. Thanks for sharing.

    Reply
  • adidas nmd adidas nmd 17 Nov 2017

    I am often to blogging and i really recognize your content. The article has actually peaks my interest. I'm going to bookmark your site and preserve checking for brand spanking new information.

    Reply

Leave a comment