Музејот на современата уметност распишува награден конкурс за пријавување на краток филм за учество во проектот „Кратки видеа за МСУ“ кој ќе се одржи на 10 декември 2017 во Скопје.

 

Повикот има за цел да го поттикне истражувањето на современите тенденции во македонската и светската уметност. Предложените филмови може да се однесуваат на специфични настани и појави во македонската и светската уметност во минатото и денес, поврзани со историјата, функцијата и архитектурата на Музејот на современата уметност.

Филмовите можат да бидат снимени со филмска или видео камера, мобилен телефон или фото-апарат. Учесниците можат да учествуваат со филмови во кој било жанр. Секој пријавен автор може да конкурира со најмногу еден авторски филм, но може да биде вклучен како соработник во филм на друг автор.

Право на пријава имаат сите заинтересирани кандидати.

Доколку  краткиот филм се изработува на локацијата на МСУ потребно е да се испрати барање за дозвола за снимање и продукција која ја одобрува Музејот на современа уметност, со важност и времетрање од пет работни дена од денот на издавањето на дозволата. Снимањето на филмот ќе се изведува во време погодно за институцијата.

Изработката на краткиот филм треба да биде со времетраење од 1 до 5 минути, а изработен во МP4 формат.

Потребни податоци:

-       Наслов на филмот;

-       Име и презиме на авторот на филмот;

-       Контакт телефонски број и е-маил адреса на авторот на филмот;

-       Кратка биографија на авторот;

-       Потпишана изјава од авторот со назнака дека се запазени авторските права (примерок од изјавата ќе може да се побара на е-маил адресата на МСУ:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.).

Поднесената документација заедно со филмот се доставува на е-маил адресата на МСУ со назнака: Кратки видеа за МСУ - 2017.

Краен рок за поднесување на изработените филмови е 1 декември 2017 година.

Презентацијата на селектираните филмови ќе се случи на 8 декември (петок) 2017. со почеток од 20 часот.

Најдобрите кратки филмови ќе бидат наградени со прва, втора и трета награда во износ од 50.000, 30.000 и 20.000 денари, за кои ќе одлучува трочлено жири, како и награда од публиката во износ од 20.000 денари во бруто износ.

Жирито ќе ја објави одлуката за наградените филмови по проекцијата на истите.

 

Наградените филмови ќе бидат во сопственост на Музејот на современа уметност, кој ќе го задржи правото да ги користи во промотивни цели.

Leave a comment