Институтот за економски истражувања и политики Finance Think, Скопје, со поддршка од Цивика Мобилитас го спроведува проектот Поттикнување економска дебата во Македонија, базирана на докази и водена од податоци чија цел е да произведе позитивна општествена промена преку зајакнување на економската дебата во Македонија, базирана на докази од спроведени истражувања и водена од податоци.

 

Цел на повикот

Целта на конкурсот е поттикнување високо-квалитетни есеи со предлог-идеи за решавање актуелен и горлив економски и/или социјален проблем во Македонија, во една од наведените економски и социјални области:

- Сиромаштија, вработување и вештини

- Фискална транспарентност и одговорност

- Родови и доходовни нееднаквости

- Иселување и дознаки

- Социјално претприемништво и жени

Карактеристики на есејот

Задолжително е есејот да:

- спаѓа во една од горенаведените области,

- обработува актуелен и горлив економски/социјален проблем во Македонија

- се базира на расположливи податоци и информации,

- се фокусира врз критичка аргументација и елаборација,

- понуди јасна идеја за решавање на анализираниот проблем.

Пожелно, но не и задолжително, е есејот да:

- оцени наоди од слични истражувања на критички начин,

- реферира кон решенија на сличен проблем во други земји.

Не треба есејот да:

- вклучува статистичко-економетриски пресметки,

- вклучува било каков вид теренско истражување (фокус групи, интервјуа и сл.).

Критериуми за учество

- Авторот на есејот мора да биде млад економист на возраст 18 - 35 години (сите родени во периодот помеѓу 15.11.1983 и 15.11.1999),

- Есејот да содржи 1.500 збора, не сметајќи ги референците (дозволено е академско пречекорување од +/-10%),

- Есејот може да биде коавториран, но сите коавтори мора да го исполнуваат

критериумот за возраста,

- Еден автор може да поднесе само еден есеј.

Процес на апликација

Поднесоците треба да се достават по електронски пат на адресата This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. најдоцна до 15 ноември 2017 година во пдф формат. Потребно е да се поднесат:

- Есеј

- Кратко CV – најмногу 2 страни

Награден фонд и селекција

Наградниот фонд изнесува 45.000 денари, бруто вредност. Ќе бидат наградени најмногу 2 есеи, со или без нивно рангирање. Есеите ќе бидат оценети од интерна комисија на Finance Think, чија одлука ќе биде финална и без можност за приговори.

Наградените автори ќе бидат претставени за време на годишната панел дебата во декември 2017 година, а сите подносители ќе бидат известени непосредно пред тој настан.

Leave a comment