Бараме еден учесник од Македонија за “Volunteer for Change” долгорочен ЕСЦ проект!

 

Дестинација е The Asha Centre, Forest of Dean, Велика Британија.

Проектот трае од 7 октомври 2019 до 7 август 2020.

Твоите задачи во The Asha Centre ќе бидат помош на кујна (готвење, сервирање и купување на храна), домаќинство и одржување на имот, гостопримство на гости и групи, биодинамичко градинарство, помош во канцеларија (помагање со логистиката и Еразмус+ проекти), културни и уметнички настани/излети/проекти, ангажирање на локални заедници (во руралните англиски средини).

Ако си личност која е проактивна, сигурна и одговорна, заинтересирана за одржлив/здрав начин на живот и меѓукултурно/меѓуверско живеење на заедницата, личен и социјален развој, флексибилна, претприемачка, друштвена, отворена за учење и учество во сите практични активности – аплицирај сега! Испрати го своето CV и мотивационо писмо на: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

Краен рок е до 22 јули 2019!

Финансирањето на проектот опфаќа сместување, храна, локален превоз и здравствено осигурување. Буџет за патување 360 €.

 

За повеќе информации пишете на: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.  или проверете го Инфо пакот!

Leave a comment