Европски волонтерски сервис – ЕВС, има за цел да поддржува реализација на неформални образовни проекти кои овозможуваат: подобра мобилност, можност за меѓу-културно учење, активно учество во општеството, личен и професионален развој, можност на младите луѓе да се запознаат со европските вредности, како солидарност, различност и еднаквост со младите луѓе од цела Европа и пошироко.

 Причини зашто да се волонтира:

-        зголемување на јавната свест;

-        учење преку работа;

-        стекнување на самодоверба;

-        откривање на сопствените таленти;

-        градење на чувство на независност;

-        зголемување на личните социјални контакти;

-        развивање на вештини;

-        зголемување на работното искуство;

-        зголемување на можностите за професионален развој;

-        развој на работни вештини и поголема конкурентност при наоѓање на работно место.

Пополнувајќи ја оваа апликациона форма за ЕВС волонтирање, вие станувате потенцијален кандидат за понатамошна реализиција на истото со што ние ќе ги имаме во предвид вашите желби и интереси и ќе се потрудиме да пронајдиме волонтерска можност во однос на истите.

Leave a comment